Клучно што треба да се знае е дека роверот Кјуриосити не е дека налетал на некое пештерско езеро или на некој поток, туку има откриено молекули на вода врзани со останати минерали во почвата на Марс.
Доброто е што вакви молекули има многу. Според истражувачите на секои 0,05 кубни метри почва има 0,9 литри вода, или се на се околу 2% од почвата на Марс е составена од вода.
Во експериментот Кјуриосити ископал едно парче почва и го ставил во печката сместена на самото возило. Тука почвата била загреана на 835 степени Целзиусови, при што биле ослободени сите испарливи елементи. Потоа сензорите на роверот ја почувствувале водата меѓу елементите кои испариле.
Претходно во јуни, роверот откри еден тип на глина кој може да биде создаден само доколку постои вода. Инаку, заради релјефот на Марс, научниците одамна се сомневаат дека планетата некогаш била преполна со вода.
Она околу што се среќни во НАСА е што водата е лесно достапна, што значи дека таа ќе може да биде користена за идните мисии: "Ќе ископаат земја, ќе ја загреат и имаат вода," објаснува Лори Лешин, деканката за наука на Rensselaer Polytechnic Institute. Делот околу кој и не се така среќни е што во почвата не нашле органски молекули и што Марс и понатаму е прилично сув за одржување на вегетација.