Во моментот стравот во НАСА е тоа што дупчалката на Кјуриосити веројатно е загадена со микроби од Земјата и ако тие дојдат во контакт со вода на Марс, организмите најверојатно ќе преживеат.
Првенствено беше планирано дупчалките на роверот да бидат стерилизирани и затворени во специјална кутија, се до неговото симнување на Марс. Меѓутоа стравувајќи дека приземјувањето би можело да го оштети механизмот, тие решија да направат измени на планот.
Се проценува дека околу 250.000 бактерии слетале со Кјуриосити на Марс. Но процената е дека речиси сите тие исчезнале само неколку минути по изложеноста на условите на планетата - ниски температури, ултравиолетова радијација и атмосфера од јаглерод диоксид.
Сепак и понатаму останува опасноста некои од организмите да имаат преживеано, како што беше случајот со лишаите на руската ракета Сојуз, кои во 2005-та, преживеаа неколку денови во вселената, изложени на ултравиолетова и космичка радијација.