Колкав волумен на вода е откриен?
- Претпоставката е дека станува збор за мала количина - веројатно доволна за да се навлажни површината на Марс. Лентите се 4-5 метри широки и околу 200 до 300 метри долги.
За колкави текови станува збор? Чешма што тече кога не си ја стегнал добро или Нијагара?
- Чешма.
Од каде е опасноста роверите да ги инфектираат изворите, со микроби од Земјата?
- Откриените извори се на остри нагиби кои сегашните ровери не можат да ги искачат. Затоа што излезе дека таму има течна вода, овие региони се сметаат за специјални региони на кои треба да се преземат дополнителни заштитни мерки за да се спречи нивна контаминација со живот од Земјата. Сегашните ровери не се стерилизирани до ниво потребно за да пристап на области на кои има течна вода.
Па нели ги стерилизиравте пред да ги пратите?
- Роверите се стерилизирани соодветно за нивните локации на слетување, каде што немаше докази за присуство на течна вода. За да отиде до лентите, роверот треба да биде стерилизиран на повисоко ниво. Ние исто така земаме микроби од роверите пред тие да бидат лансирани, за да можеме да ги споредиме со идните откритија.
Што е следен чекор?
- Следен чекор е да се откријат уште локации на кои се појавуваат овие текови. До сега имаме покриено 3% од Марс со фотографии со доволно висока резолуција за да се забележат овие текови.
Дали тоа што има вода на Марс има некакво значење за неговото тераформирање во иднина?
- Целата работа треба да ја перципираш како прокапување, а не течение. Ние уште немаме видено вода која тече на површината. Гледаме нешто што ја затемнува површината, кое може да е само наросување ама сепак содржи течност.
Дали може да има живот на Марс кога вода има само во одредени делови од годината?
- Можно е. Знаме дека на Земјата има форми на живот кои хибернираат за време на сушните сезони. Водата која ја гледаме во овие текови е солена. Солената вода може да е штетна за животот.
Има ли доказ дека на Марс се случува испарување? И дали знаете од каде доаѓа водата?
- Во новите кратери на Марс некогаш се гледа мраз на дното. Него го снемува во рок од неколку месеци. Мразот кога е изложен на Сонце, минува од цврста состојба во пареа. И на тековите кои ги откривме ќе им се случи испарување, а водата пак ќе треба од некаде да се појави. Ова не знаеме како ќе се случи.
Колку се блиску роверите до водата? Дали ќе можат да направат фотографии без да ја контаминираат.
- Во близина на Кјуриосити и Опортјунити нема потврдени текови. Има неколку интересни траги во Гејл кратерот ама тие се неколку километри оддалечени од сегашната патека на Кјуриосити.
Каква е процедурата ако се открие живот на Марс? Дали ќе ја информирате јавноста? На кого прв ќе му кажете?
- Информациите многу брзо стигаат до јавноста. Ако некоја од нашите мисии открие живот, веднаш ја информираме централата на НАСА, која потоа го следи процедурите за информирање на владата на САД и јавноста.
Што е разликата меѓу сегашното откритие и тоа што претходно го знаевме, дека на Марс има мраз?
- Мразот замрзнува и испарува, минува директно од цврст материјал во пареа. Водата во тековите останува течна затоа што има сол во неа. Да, знаме дека има вода на Марс. Бараме каде останува во течна состојба на подолг период.
До сега описот на водата е дека е "соленкаста" што значи дека многу повеќе е течност отколку вода. Што значи ова? И дали теоретски ќе може да се пие или да се одгледуваат растенија со нејзе?
- Солите во водата се перхлорати, па баш и не би сакал да се напијам од нејзе. За во иднина да биде ресурс за луѓе, прво ќе треба да ги извадиме овие соли.
уште прашања и одговори