Таг: вода на марс

А на Марс уште повеќе вода

Марс има своја џиновска верзија на Големиот кањон и сега научниците откриваат дека таму се наоѓаат „значителни количини вода“.

НАСА немаат вода во очи

Односот меѓу човештвото и Марс се враќа на статусот од пред 2015, откако водата што НАСА тврдеше дека пред две години ја открила на Црвената планета излезе дека е само песок или прашина.

НАСА сфати што се случило со водата на Марс

Во однос на атмосфера, Земјата и Марс пред околу 4 милијарди години се речиси на исто ниво. Денес атмосферата на Марс е околу 100 пати потенка отколку на Земјата. Тоа што се случило во овој период во основа се сведува на промаја.

Младиве не се трпат

Со должната еуфорија околу настанот, Бил Нај објаснува зошто е до срж возбуден околу тоа што има траги од течна вода на Марс. Карши него дечко и девојка, комичари, со игнорантна ароганција која може да потекнува само од исклучително многу необразование, му објаснуваат на Нај дека во основа ги заболе што некој некаде открил вода - ако водата е од солзите на Кетлин Џенер збори ми цел ден, вака само замараш.

Зошто роверите на Марс не смеат да припарат до водата

Иако никој не се сомнева во откритието и целото излагање на НАСА, за ова да биде 100% потврдено некој треба да собере примероци од водата на Марс. Моментално на Марс нема човек што може ова да го направи. Има два робота, ама и тие не смеат да се приближат до местата со вода.

За водата на Марс

Откако го објавија најголемото откритие во последните неколку децении, како што е ред луѓето на НАСА седнаа на интернет за да се пофалат што направиле и по пат да одговорат на прашања околу откритието.

Марсовците имаат аква парк

Научниците на Марс пронајдоа молекули кои можат да се формираат само во присуство на вода. Иако не наидоа на барем вир вода, ова е уште еден знак дека на Марс можеби некаде жубори.