Во едно од највозбудливите вселенски откритија, директорот на НАСА за планетарна наука во 2015 објави „најдена е течна вода на Марс.“ Тогаш научниците тврдеа дека мистериозните линии линии забележани на површината на Марс можат да се објаснат само како дело на плима и осека.
Иако и понатаму важи теоријата за присуство на замрзната вода на половите, во подземен мраз и во мраз и минерали, разочарувањето е во недостатокот на докази за постоење течна вода.
Трудот неодамна објавен во „Nature Geoscience“ тврди дека локацијата и на која се мислеше дека е пронајдена вода во течна состојба, „не е конзистентна со моделите за извори на вода.“ Наместо тоа истражувачите, кои соработуваат со НАСА, откриваат дека локацијата „е идентична со падините на песочните дини, каде движењето е предизвикано од сув тек на песокот“.
Во анализа на 151 линија кои се откриени на Марс, и се веруваа дека беа направени од вода, научниците забележуваат дека сите се наоѓаат на падини кои се под агол од 27 степени, меѓутоа завршуваат кога аголот ќе стане поблаг „нешто што водата не би го направила“. Од тука доаѓа и паралелата со пустинските дини, каде песокот прекинува да се тркала по ублажување на стрмноста.