Откритието е благодарејќи на Ексомарс леталото лансирано во 2016 кое заедничка мисија меѓу Европската вселенска агенција и Роскомос. Нејзината локација е во Долината на Маринер која е систем на кањони со должина од 4.000 километри, ширина од 200 километри и длабочина од 7 километри, со што е еден од најголемите во Сончевиот систем.
Водата е лоцирана под површината на кањонот и е откриена со помош на ФРЕНД инструментот на леталото, кое има способност да мапира хидроген во горниот еден метар од марсовското тло.
Најголемиот дел од досега откриената вода се наоѓа на половите на Марс каде останува замрзната како мраз. Долината на Маринер е нешто под екваторот на планетата каде температурите вообичаено не се доволно студени за да се задржи мразот.
Си-Ен-Ен прави две споредби на Долината на Маринер, едната е дека тој е 10 пати подолг, 5 пати подлабок и 20 пати поширок од Големиот кањон, втората е дека е отприлика колку Холандија.
Процените на научниците е дека речиси 40% од под-површинскиот материјал во овој регион е вода.
Се очекува дека откритието ќе ја измени досегашната пракса за слетување на вселенски летала на Марс, и дека идните мисии би се фокусирале токму на Долината на Маринер чисто заради претпоставената достапност на водата.