Повторно не станува збор за апла вода што се гледа, но сега се сигурни дека под јужната поларна обвивка на Марс има езеро и тоа со дијаметар од околу 20 километри. Претходното откритие беа траги кои наликуваа како да се направени од проточна вода.
Веќе е утврдено дека на Марс во минатото имало вода, но се смета дека заради заладувањето на планетата кое се должи на нејзината тенка атмосфера, најголемиот дел од водата е прекриена со мраз.
Откритието е направено со Марсис, радарот на Марс експрес орбитерот. За сега е позната само ширината на езерото ама не и длабочината. Според тимот, тоа би требало да е длабоко минимум еден метар, што откритието го класификува како „водна површина“
„Езеро, а не некаква вода од топење што го пополнува просторот меѓу карпите и мразот, како што се случува на одредени глечери на Земјата,“ изјавува првиот човек на студијата, професорот Роберто Оросеи, од италијанскиот Национален институт за астрофизика.
Научниците инстантно предупредуваат дека ова ништо не значи во однос на откривање на можен живот на Марс, бидејќи иако водата е клучна за астробиологијата, има претерано голем број фактори кои се решавачки за тоа дали некаде ќе се зафати живот или не, пример температурата и хемискиот состав на водата во езерото.
За езерото да остане во течна состојба во така студена околина (тимот проценува дека температурата местото на кое водата се граничи со мразот е меѓу -10 и -30 степени Целзиусови), најверојатно во водата е растворена огромна количина на сол од околното земјиште. Вакво сценарио го прави потенцијалот за живот речиси непостоечки.
По радарот следен чекор би требало да биде „амбициозна мисија на Марс за дупчење на мразот“, нешто слично како што се истражуваат субглечерските езера на Антарктикот.