Бил Андерс е пилот на Аполо 8, кој е првиот човечки вселенски лет што ја напушта орбитата на Земјата. Со вакво резиме тој и понатаму останува „голем поддржувач“ на „извонредните“ бесчовечки програми „главно затоа што се многу поевтини“.
„Која е нужноста? Што е она што нè тера да одиме на Марс? Мислам дека јавноста не е заинтересирана,“ објаснува 85-годишниот Андерс во интервју за Би-би-си.
Астронаутот чие кружење на орбитата на Месечината беше клучно за успехот на Аполо 11, веќе подолго време е критично настроен кон НАСА и како таа изгледа денес.
„НАСА денес не би можела да стигне до Месечината... Тие денес се претворени во програма за вработување... најголем дел од центрите главно се заинтересирани за изгледаат како да работат нешто и не гледаш дека имаат јавна поддршка освен за да им платат плата на своите вработени и одново да ги изберат своите конгресмени,“ критикува Андерс.
Тој никако не може да и прости на НАСА за тоа како сите овие години се однесувала кон мисиите на Месечината и што решава да се сконцентрира на мисии во близина на земјината орбита.
Неговиот поранешен цимер од Аполо 8, командантот на мисијата Френк Борман, е помалку критички настроен кон НАСА, ама главно се согласува со Андерс околу Марс.
„Мислам дека голем дел од галамата околу Марс е глупост. Маск и Безос зборуваат за поставување колонии на Марс, тоа е глупост,“ порачува Борман.