На 5 септември во 15 часот, Томас Песке од меѓународната вселенска станица ќе прочита извадок од роман на Маргарит Дирас. Снимката потоа ќе се искористи за натпревар во коректно запишување, кој неколку години се одржува во Франција.
Се викала госпоѓица Бејкер и била дел од американската вселенска програма од доцните 1950-ти. Била шармантна, два пати мажена и дочекала длабока старост.
Еден од првите луѓе што ја има обиколено Месечината објаснува дека е глуп планот за испраќање човечка мисија на Марс. Не е против истражување со вселената, само тоа со Марс е глупо.
Не е чудно астронаут во вселената да порасне пар сантима поради недостатокот од гравитација што му овозможува на р'бетот да се издолжи. Но, јапонскиот астронаут кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица ја претерал. И сега се секира дали ќе го собере во седиштето во кое треба да се врати на Земјата.
Нигериските измами како жанр не се воопшто нови и постојат откако постои и електронската пошта. Сиве овие години ги имало vo најразлични, дури и урнебесни варијанти. Но, последната варијанта е тотален апгрејд и во неа само небото е лимит.
Пред неколку недели објави дека ќе вработува, а на 14-ти декември НАСА ќе почне и да ги прима апликациите за кандидатите за следната класа астронаути. Веројатно најтешкиот предуслов за мнозинството што ова тука го читаат е - да бидеш американски граѓанин.
Том Хенкс глуми, режира, продуцира, но сега и официјално се вклучува во еснафот на прозни пишувачи - негов расказ е објавен во најновиот број на престижно списание, каде би сакале да се најдат голем број негови филмско-книжевни колеги.
Републиканците поднесоа тужба против демократски кандидат за конгресмен, заради тоа што се претставувал како астронаут. Проблем: човекот навистина бил астронаут.