Или си или не си... астронаут

Републиканците поднесоа тужба против демократски кандидат за конгресмен, заради тоа што се претставувал како астронаут. Проблем: човекот навистина бил астронаут.

На гласачкото ливче за Конгресот, до Хозе Хернандез пишува "астронаут / научник / инженер." Инаку Хернандез беше член на екипажот кој во 2009-та со шатлот Дискавери беше на мисија во вселената.

И покрај ова адвокатска канциларија од Калифорнија поднесе тужба против Хернандез заради користењето на титулата "астронаут" на гласачкото ливче.

Според нивното објаснување "астронаут не е титула која се носи до крајот на животот."

Иако, изборниот штаб на републиканскиот противкандидат на Хернандез нема никаква врска со тужбата, двајца од адвокатите на канцеларијата служеле како советници на републиканската партија во Калифорнија.

Хернандез во 2001-ва се приклучи на НАСА каде работеше до 2011-та. Во 2004-та тој е избран како кандидат на НАСА за астронаут, а во 2006-та ги започна подготовките. Мисијата започна на 28 август 2009-та, а во вселената Хернандез мина 13 денови и 20 часа.

 

27 март 2012 - 14:06