Пријавувањето трае до февруари, а освен славата и патот во вселената, за работата астронаутите добиваат плата од 66 до 144 илјади долари годишно.
До сега агенцијата имала над 300 астронаути кои летале на нејзините мисии, а моментално има 47 активни астронаути.
Оние што ќе бидат избрани во новата класа, во својата кариера најверојатно ќе летаат на едно од четирите летала: ИСС, комерцијален вселенски шатл (две компании развиваат по еден различен), и НАСА Орион истражувачот на длабока вселена.
Објавата на избраните кандидати треба да биде некаде во средината на 2017-та.
Од 14-ти декември тука ќе биде објавен линкот за апликации.