Во раните денови на вселенската програма, Русите биле познати по испраќање кучиња во вселената, но Американците тоа го правеле со мајмуни. Ова започнало уште во 1948, но сиротите животинчиња не преживувале, сè до 1959, односно до лансирањето на едно симпатично верверично мајмунче познато како „Госпоѓица Бејкер“.
Приказната почнала кога човек влегол во продавница за миленици во Мајами и ги купил сите 26 мајмунчиња кои биле во неа во тој момент. Истите биле однесени во државна лабораторија, каде биле тестирани, слично како што се тестираат и човечките астронаути пред да бидат испратени во вселената. Со една мала разлика, што животните никој не ги прашувал дали сакаат да учествуваат во еден таков потфат. Мис Бејкер одлично издржувала престој во тесен простор, електроди и секакви други малтретирања, па на крај таа и поголем резус мајмун по име Мис Ејбл биле одбрани да бидат испратени во вселената.
Им биле сошиени посебни униформи и биле ставени во метални капсули, при што хируршки им биле вградени електроди за да се следат нивните витални функции. Во раните часови на 28 мај 1959, двата мајмуна биле ставени во ракетата Јупитер и лансирани кон небото. Летот траел само 16 минути, а по него тие безбедно слетале во Атлантскиот океан.
Обете животни биле извадени од капсулата живи, но мис Ејбл за жал почнала неколку денови подоцна кога хирурзите се обиделе да и ги извадат електродите. И двете се нашле на насловната на списанието „Лајф“, по што Бејкер станала вистинска ѕвезда. За неа била организирана и свадба, за „колегата“, Големиот Џорџ, кој за жал починал по 17 години брак. Но Бејкер не останала долго вдовица - по три месеци повторно била омажена за извесен Норман, а со церемонијата раководел судија од обласниот суд на Алабама. Иако ѝ бил сошиен невестински фустан, таа го испокинала многу бргу по почетокот на церемонијата.
Бејкер починала во 1984, на возраст од 27 години, на тој начин здобивајќи се со уште една титула - најдолговечен верверичен мајмун. Закопана е во близина на Американскиот вселенски и ракетен центар во Алабама, покрај нејзиниот прв „сопруг“, Биг Џорџ. На нејзиниот погреб присуствувале над 300 луѓе. А и денес има такви кои ѝ оставаат банани, желе и крем-сирење, нејзините омилени закуски.