Нигериската измама ја напушти планетава

Нигериските измами како жанр не се воопшто нови и постојат откако постои и електронската пошта. Сиве овие години ги имало vo најразлични, дури и урнебесни варијанти. Но, последната варијанта е тотален апгрејд и во неа само небото е лимит.

Вдовица на починат африкански милијардер бара асистенција, некаде има скриено богатство на пребеган диктатор, огромни пари обложени со восок кои можат да се исчистат со специјално мастило за кое треба нешто пари.... ова се само дел од варијациите на нигериските меил измами со кои глобално се ловат наивни лакомци кои можат да поверуваат дека некаде баш нив ги чека богатство до кое можат да дојдат со релативно мала влезница во игранката.

Своевремено пишувавме за некој абдал кој 3 или 4 пати наседнал на истата меил финта и тоа со сите нишани: сосе одење во Нигерија, средби со "високи функционери" кои треба да се подмитат... Кога го беа прашале како е можно да испадне толку пати наивен, простодушно одговорил дека секогаш искрено верувал дека "овојпат е вистински".

Но, ако наивноста, лаковерноста и алчноста се константи, досетливоста е бескрајна и таа знае да си подигрува и со границите на апсурдот.

Еве со последниот наратив до каде отишле преварантите:

Испраќачот е во мисија да собере 3 милиони долари за да се спаси нигериски космонаут - да, да! - кој бил оставен сам во вселената - исто како Мет Дејмон во "Марсовец" - од бездушните Руси.

Во писмото има еден супер детали а можеби најсрцепарачки дел од сторијата е дека кутриот астронаут е горе повеќе од 15 години но сè уште не е паднат со духот.

Subject: Nigerian Astronaut Wants To Come Home
Dr. Bakare Tunde
Astronautics Project Manager
National Space Research and Development Agency (NASRDA)
Plot 555
Misau Street
PMB 437
Garki, Abuja, FCT NIGERIA

Dear Mr. Sir,

REQUEST FOR ASSISTANCE-STRICTLY CONFIDENTIAL

I am Dr. Bakare Tunde, the cousin of Nigerian Astronaut, Air Force Major Abacha Tunde. He was the first African in space when he made a secret flight to the Salyut 6 space station in 1979. He was on a later Soviet spaceflight, Soyuz T-16Z to the secret Soviet military space station Salyut 8T in 1989. He was stranded there in 1990 when the Soviet Union was dissolved. His other Soviet crew members returned to earth on the Soyuz T-16Z, but his place was taken up by return cargo. There have been occasional Progrez supply flights to keep him going since that time. He is in good humor, but wants to come home.

In the 14-years since he has been on the station, he has accumulated flight pay and interest amounting to almost $ 15,000,000 American Dollars. This is held in a trust at the Lagos National Savings and Trust Association. If we can obtain access to this money, we can place a down payment with the Russian Space Authorities for a Soyuz return flight to bring him back to Earth. I am told this will cost $ 3,000,000 American Dollars. In order to access the his trust fund we need your assistance.

Consequently, my colleagues and I are willing to transfer the total amount to your account or subsequent disbursement, since we as civil servants are prohibited by the Code of Conduct Bureau (Civil Service Laws) from opening and/ or operating foreign accounts in our names.

Needless to say, the trust reposed on you at this juncture is enormous. In return, we have agreed to offer you 20 percent of the transferred sum, while 10 percent shall be set aside for incidental expenses (internal and external) between the parties in the course of the transaction. You will be mandated to remit the balance 70 percent to other accounts in due course.

Kindly expedite action as we are behind schedule to enable us include downpayment in this financial quarter.

Please acknowledge the receipt of this message via my direct number 234 (0) 9-234-2220 only.

Yours Sincerely, Dr. Bakare Tunde
Astronautics Project Manager
tip@nasrda.gov.ng

http://www.nasrda.gov.ng/

Му посакуваме на мајорот Абака Тунде што поскоро да го прекине своето 15 годишно монаштво во вселената и да си дојде дома, за да види дека оваа планета не се сменила многу. Ако сакате со пари да го помогнете неговото спасување, го имате меилот погоре.

Речиси задолжително за гледање:
Што се случува кога ќе одговориш на спам писмо?

13 февруари 2016 - 15:47