Таг: меил

Право на непроверување меил

Дури и да си решил да си дадеш оддишка и да не проверуваш службен меил (Скајп, Вибер, Слак или што и да е) после работа, тоа што ќе те јаде јанѕа околу можната работа што ти дреме во инбокс пак предизвикува прекумерен стрес и анксиозност.

Зошто сè што знаеме за пасворди е погрешно

Ако го прашуваш Марк Ришер, тоа што ќе ставиш бројки и симболи во пасвордот не ти врши работа (или што ќе натераш некого да ги стави). Кој е Марк Ришер да го прашаш? Поранешен „спам цар“ во Јаху, моментално директор за продукт менаџмент во Гугл, каде работи на безбедноста на мејловите и во тимови за спречување на злоупотреба.

Ретка пресуда за нигериската меил измама

Затворска но релативно мала казна му е определена на еден Нигериец кој со озлогласените финти преку меил успеал да олесни илјадници луѓе за 25 милиони долари.

Агонијата од испраќање њузлетер на погрешен комичар

Он ова го доживува како агонија заради маките да се тргне од некоја промотивна меил листа на некој синџир супермаркети, притоа ни најмалку не обрнувајќи внимание на страданијата на другата страна.

Нигериската измама ја напушти планетава

Нигериските измами како жанр не се воопшто нови и постојат откако постои и електронската пошта. Сиве овие години ги имало vo најразлични, дури и урнебесни варијанти. Но, последната варијанта е тотален апгрејд и во неа само небото е лимит.

Луѓето кои играат жмурка со Фејсбук

Фејсбук морал да го смени алгоритмот кој одредува што им се прикажува на луѓето заради едно многу мало малцинство корисници: оние кои го користат Фејсбук како да е меил.

Заклучоците од студирање на 16 милијарди меил пораки

И покрај тоа што електронската пошта како начин на комуникација постои околу две децении, до сега не постои добра претстава за тоа како луѓето ги користат мејловите. Сега има. Базирана на мејлови од 2 милиони корисници кои испратиле над 16 милијарди пораки.

Објавени 5 милиони лозинки од Гмаил

На руски форум се појави листа со 5 милиони лозинки за Гмаил и Јандекс сметки. Во времето на објавување околу 60% од нив се уште беа валидни. Иако има начин како да проверите дали сте хакнати, препораката е за секој случај да го смените пасвордот што сега го користите.

Гугл ќе го чита секој меил пратен и примен преку Гмаил

Условите за користење на Гмаил во понеделникот беа дополнети со уште еден параграф, кој кажува дека Гугл ја скенира содржината на мејловите (меѓу другото) со цел подобрување на резултатите од пребарување и подобро таргетирање на рекламите.

Плаќање по меил

Дури ние дочекаме да дојде Пејпал во Македонија, веќе неколку години во игра е сервис за плаќање кој е толку едноставен што може да ја сруши неговата доминација во трансферот на пари. 1. To: тој и тој меил. 2. Subject: Толку и толку пари. 3. Send!

Гугл нè гугла

Секој има право да верува дека неговиот меилови на Гугл ќе ја задржат приватноста. Само што, во тоа не верува Гугл.

 

Сабџект: Чуму сето ова?

Ако сакате да добиете одговор на некој ваш меил, погрижете се писмото да ви биде тажно и песимистичко.

Таткото на атачментот

"Им викав, еден ден кога ќе имам внуци, на пријатели ќе им праќам нивни слики по меил. Сите ми се смееа," евоцира спомени Нетаниел Боренштајн на 20 годишнината од неговиот изум.