Истражувањето го прават од Јаху лабс, и во него го следат идентитетот на испраќачот и примателот, насловите, кога е испратен, должина на пораката, бројот на атачменти, возраста на луѓето и уредите од кои се испратени пораките.
Од толку прегледани мејлови, заклучоците им се:
- половина од одговорите се пратени во рок од 47 минути по добивање на мејлот
- Најчеста должина на мејлот е 5 зборови, а околу половина од сите одговори се под границата од 43 зборови.
- помладите побрзо одговараат, ама и пократко
- мажите праќаат пократки пораки од жените
- луѓето побрзо одговараат на пораки во работно време, ама тогаш и одговорите им се подолги
- колку повеќе мејлови добива човек, толку е помал бројот на пораки на кои одговорил, и овие одговори се пократки
Резултатите не се изненадувачки, ниту за истражувачите, ниту за корисниците, меѓутоа претставуваат одлична основа која треба да помогне и да се вметне во идните алгоритами на кои ќе се базираат најразличните апликации за мејлови, платформите за мејлови и како ние воопшто се справуваме со нив.