Иако администраторот на форумот веќе го избриша фајлот со 4,93 милиони мејлови и лозинки, сепак паниката е дека тој се има доволно раширено меѓу луѓето кај кои што не треба.
Анализата на списокот покажува дека добар дел од нив се застарени лозинки, кои биле променети уште пред 10 години, или за сметки кои што се суспендирани и дезактивирани. Постои сомнеж дека не станува збор за некој нов напад на Гмаил, туку дека списокот е составен од претходни стари упаѓања во системот.
Мнозинството од сметките се на корисници од англиско, руско и шпанско говорно подрачје. За секој случај веќе пуштена е и страна на која може да проверите дали вашиот меил се наоѓа на списокот. (Ако ви е шубе да ја оставате вашата меил адреса на сајтот за проверка, можете кои било три букви од неа да ги замените со ѕвезда: moj.m***@gmail.com.)