
Истражувајќи ј содржината и судбината на 100 милиони меилови, софтверска компанија заклучила дека песимистичките писма почесто и побрзо добиваат одговор отоколку ведрите и позитивни.
Содржината на писмата била проценувана на основа на клучни зборови, оценети како позитивни или негативни и нивната концетрација во текст. Песимистичките писма почесто добиваат одговор и тоа во првите 24 часа.
Исто така се утврдило дека песимистите многу поревносно одговараат на меилови откоалку луѓето кои се ведри и опуштени. 64 наспроти 47 проценти.
Причината за тоа не се знае, освен можеби дека лежат во претпоставката дека депресивците многу почесто се онлајн.