Дополнувањето е инспирирано од тужба против Гугл околу тоа што и претходно ги анализирале мејловите, што според тужителите е прекршување на приватноста.
Дел од тужителите се и луѓе кои испратиле меил на Гмаил корисници од други меил провајдери (Јаху, Хотмаил...) и без разлика на тоа нивните пораки биле анализирани. Нивната забелешка е дека заради тоа што не го користат Гмаил, тие никогаш не се согласиле на скенирањето на пораката.
Додадениот параграф гласи:
Our automated systems analyze your content (including e-mails) to provide you personally relevant product features, such as customized search results, tailored advertising, and spam and malware detection. This analysis occurs as the content is sent, received, and when it is stored.
Иако со ова Гугл сосема јасно ја нагласува својата пракса, тоа не ги покрива тужбите од луѓето кои не се корисници на Гмаил а чии пораки и понатаму ќе бидат скенирани. Дилемата околу кој се спори е дали не-Гмаил корисниците се обврзани да бидат запознаени, или биле запознаени, со условите за користење на Гмаил.