
30 годишниот Давид Чуквунеке Адинду е осуден на три години и пет месеци затвор откако признал дека е виновен за измамата со која преку меил успеал да натера илјадници жртви да префрлат 25 милиони долари на негови банкарски сметки во Кина.
Суден и осуден е во САД од каде и потекнуваат поголем број од жртвите а се претпоставува дека измамените американски граѓани тешко дека ќе успеат да ги вратат средствата.
Федералните закони за овој тип измами предвидуваат далеку повисоки казни меѓу 97 и 121 месец затвор но судијата проценил дека Адинду имал релативно мала ролја во целата шема.
На списокот жртви има поединци но и сериозни фирми кои преку меил биле убедени од лажни меилови на вистински деловни партнери да префрлаат илјадници долари на посочените сметки во Кина.