Таг: пресуда

Поротата што донесе пресуда по консултација со мртвите

Начинот некој да биде осуден за кривично дело се разликува од држава до држава. Но во голем број контексти последниот збор го има порота, која се состои од 12 „обични“ луѓе кои се практично судии, дури и во најсериозни случаи. Тие, по излагањата на обвинителството и на одбраната, треба да одговорат на едно едноставно прашање: дали Х е виновен или не. Во еден ваков случај била потребна консултација со оностраното.

Мамиќ возвраќа: „Мојот одговор ќе биде невидено оружје“

Ноќта пред да му ја изречат казната затвор, Здравко Мамиќ од Хрватска преминал во Босна и Херцеговина каде има намера да остане и праќа пораки до хрватската јавност.

Европскиот суд на правдата одлучи: „Убер е такси компанија“

Пресудата би можела да има подалекусежно влијание и да го разниша нецелоsно регулираниот свет на т.н. „гиг економија“, односно оној дел од пазарот на труд во кој луѓето работат како фриленсери, хонорарци или со краткорочни договори

Ретка пресуда за нигериската меил измама

Затворска но релативно мала казна му е определена на еден Нигериец кој со озлогласените финти преку меил успеал да олесни илјадници луѓе за 25 милиони долари.

Голема иронија како мала утеха

Белиот супрематист кој пред две години уби 9-мина невини верници во црква рече дека воопшто не се кае за масакрот. Но затоа не му падна сеедно кога дозна какви адвокати треба по службена должност да ја обжалат неговата смртна казна.  

Лесно ставате лајкови? Сте го јаделе.

За првпат во Европа донесена е судска пресуда против некој што ставил лајк на Фејсбук пост. Суд во Швјацарија проценил дека и лајкнувањето е ширење на некаква вредносна проценка па треба да се бере памет пред да се стисне рачето.

Кога покриеното ќе се разоткрие

Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.

Бог да чува од женска беља

Поранешната менаџерка на Леонард Коен е прогласена за виновна од страна на судот во Лос Анџелес за малтретирање на славниот пејач, по еднонеделно судење, во текот на кое беа прочитани стотици навредливи пораки кои тој ги добивал од неа во последно време