Неименуван 45 годишен човек од прогласен за виновен од судот во Цирих заради неговиот лајк на неколку Фејсбук постови упатени кон еден активист за заштита на животните кои биле навредливи а човекот етикетиран како расист и анти-семит.
Фесјбук дисусијата се разгорела околу прашањето кои сè здруженија за животни имаат морално право да присуствуваат на еден уличен вегански фестивал (што, овде за побитни теми да не се кавга?) при што најмногу хејт изел извесен Ервин Кесиер, претседател на една таква група.
Тој ги отужил не само оние кои ги напишале навредите туку одбрал и некои кои ги лајкале, со образложение дека нивниот лајк помогнал клеветите да се прошират и да бидат видени од поширока публика (Фејсбук пријателите на лајкачите).
Судот го уважил ваквиот резон и донел обвинителна пресуда. Во образложението се вели дека лајкот е недвосмислена поддршка за некоја содржина и дека и со него се дистрибуира вредносна проценка а обвинетиот не успеал да ги докаже клеветите за расизам и анти-семитизам.
За воља на вистината, Кесиер во 1998 година навистина бил осуден за расна дискриминација кога се борел за задржување на забраната на еврејскиот метод на колење животни по кој се добива кошер месо. Но, иако еднаш осуден, судот решил дека човек не може 20 години да влече иста етикета а да не се приложат нови докази за тврдењата.
*****
Види и: