Освен што го прогласија крив и го осудија на шест ипол години затвор, на Здравко Мамиќ му ги одземале становите, гаражите, автомобилите, шумите, ливадите и сите останати недвижнини. Тој за пресудата дознал во градот Меѓугорје во Босна и Херцеговина каде свикал конференција за медиуми која што ја пренесувал сајтот Индекс.
Еве некои од одговорите на Мамиќ попладнево:
- „Тие монструми ќе завршат таму кај што им е место, а јас малку ќе одморам.
- „Во условите во кои се наоѓам се чуствувам и повеќе од добро. Не викам дека не сум згрозен, но добро се чуствувам. Мојот одговор ќе биде оружје кое никогаш досега не е забележано на овие простори. Тоа не е оружје од кое се пука, туку цивилизирано оружје. Не би им бил во кожа на луѓето кои се ова го напакуваа“.
- „Не знам зошто судењето траеше година и пол дена. Како е можно кога ниеден сведок не не теретеше? Мислам дека сонувам. Сите знаат дека на крајот од минатиот век отворив агенција и дека смислата на агенцијата беше да вложувам во млади играчи. Во договорите кои ги склопив со нивните родители беше предвидено нешто и јас да приходувам. Боже помогни им на сите луѓе кои доведоа до оваа пресуда. Не можам да мразам, само повикувам на мир. Цела Хрватска знае дека истрагата ја спроведуваа неовластени лица. Дете од четири години би сфатило за што се работи“.
- „Повеќе се плашам од нападите на мене отколку од ова што се случи во судницата. Но немам друг избор освен да останам овде, овде луѓето ме сакаат. Но може да се најде некој кој ќе ми наштети. Стално ме прашуваат што мислам. Прашајте ги судиите кои им вршел притисок, прашајте ги како се чуствуваат“.
- „Флоскули од типот како пред законот сите сме исти, секако дека не сме исти но да тргнеш на двајца такви честити ликови (Ловрен и Модриќ)... Двајцата беа бегалци кога ги земав. А еве што добивам. Сега се снимаат филмови за нив, видовте што прават и тие и јас. На крај го поминаа цел свет. Јас во Динамо и Хрватска внесов 500 милиони евра. И сега не направија монструми“.
- „Ме фасцинира... Мислам дека сум личност која ниеднаш на ниту еден новинар не му одбила изјава. Синоќа им се јавив на сите. Единствено што ме прашуваа е дали сум во бегство. Ве прашав дали знаете што е бегство? Тоа што денес требаше да бидам на одредено место во одредено време а јас не сум таму не значи дека сум во бегство. Немојте така да функционирате, тоа не е чесно, јас сум слободен човек.“
***
Судот утврдил дека Динамо Загреб противправно ги премирал Модриќ и Ловрен во време на нивните трансфери во Тотенхем и Лион со 50% од вкупната вредност на трансферот, а сегашните ѕвезди на Реал Мадрид и Ливерпул подоцна тие милионски суми морале да му ги предадат на Здравко Мамиќ. Во спротивно според договорот би се сметало дека се откажуваат од тие пари.