Федерален суд го одби барањето на Дилан Руф, безчувствителниот убиец кој од расистички побуди уби деветмина црни верници во црква во Јужна Каролина, да му бидат сменети адвокатите кои треба да ја обжалат смртната казна.
А му се паднаа Еврејка и Индијка.
На судењето после кое на поротниците им беа потребни само 3 часа за да се согласат околу смртна казна за него, нему му беше дадено правото да се брани сам. Но законот вели дека во таков случај, обжалување на пресудата мора да биде изведено од професионални адвокати, доделени преку адвокатската комора.
„За мене е невозможно да имам доверба во двајца адвокати кои се мои политички и биолошки непријатели“, напиша Руф во барањето.
На 11 страници одговор му биле објаснети законските процедури и реалноста дека на семејствата на оние деветмина невини луѓе кои тој пред две години ги уби во црква во Чарлстон им е далеку повеќе жал кој тоа тој кобен ден им се паднал на нивните најблиски.
Во текот на судењето Руф не покажа никакво каење за сторениот масакр велејќи дека „морал нешто да стори“ и со инфантилен ентузијазам опишувал како со својот 45 калибарски Глок ги потепал своите случајни жртви.