Кели Линч, која му беше менаџерка на Коен 17 години, а богами и негова љубовница, е обвинета и за прекршување на наредбата за неконтактирање со пејачот.
Коен ја отпуштил неговата менаџерка во 2004., обвинувајќи ја дека му украла 5 милиони долари во периодот додека тој живееше во зен манастир. Финансискиот банкрот го натера ветеранот да тргне на турнеја, и покрај слабото здравје, и возраста од 70 години.
Во 2005. Коен и Линч се суделе, и неа ѝ била одредена казна од 9,5 милиони долари. Следувале мејлови и телефонски пораки во кои, очигледно изнервирана, таа го навредувала еврејското потекло на Коен, го нарекувала скржав и наркоман, а ги коментирала и неговите сексуални перформанси.
Линч во моментов е во притвор. Нејзиниот адвокат минатата недела изјавил дека случајот „во голема мерка зборува за човечките врски, и како тие понекогаш можат да се искомплицираат". Наш коментар: тешко е да бидеш зен..