Пред две децении, 100 веб гикови од Америка добиле имеил со две закачени работи во него (ова и ова). Содржината на прикачените работи не била чудна колку што било чудно самото нивно постоење. Тоа се првите функционални атачменти кои повеќето луѓе без проблем ги отвориле. Атачменти и претходно биле праќани но примачот можел да ги отвори само доколку го дели истиот меил систем со оној кој ги испраќа.
Боренштајн вели дека тоа повеќе го направил за забава иако длабоко верувал дека системот ќе стане корисен и употребуван од луѓето. Повеќето од неговата околина го убедувале дека праќање атачменти е залудно трошење на бендвит.
20 години подоцна постојат тврдења дека електронското писмо замира и дека ќе биде заменето со комуницирање преку социјалните мрежи. Таткото на атачментот не мисли така. Боренштајн е свесен дека мрежите се супериорни во поглед на споделување на работи со поголем број луѓе, но тврди дека меилот е незаменлив во директна комуникација со точно одреден примач.
Главаната негова болка, спамот, тој би ја решил со тнр, микроплаќања. Со секое испратено писмо, испраќачот дава извесно ветување дека ќе му плати одредена сума на примачот доколку тој смета оти примил спам. На тој начин, масовните спамери би биле оневозможени.
На Боренштајн најмалку му се допаѓа самото име на неговите чеда бидејќи на почеток не ги ни замислувал како атачменти туку како нешто што ќе биде интегрален дел од самото писмо.