Повеќето луѓе го користат фејсбук скролајќи низ бескрајниот низ фотографии, статуси, споделени вести или видео клипови.
Алгоритмот кој одредува што човек ќе види на својот Фејсбук стрим постојано се усовршува, надвор од Фејсбук никој не знае како фунционира во детали а од компанијата тоа не го откриваат.
Но, генерално се темели на акциите, односно она што човек прави со содржините. Се мери колку долго човек се задржува на нешто, дали го кликнал, коментирал, дали го лајкнал пред или откако отишол на линкот. Врз основа на тие параметри софтверот сфаќа што ви се допаѓа па ви пушта повеќе такви содржини.
За содржините кои не ви се бендисуваат постои едно сиво триаголниче горе десно на постот на кој можете да кликнете "Hide". Со тоа му давате знак на алгоритмот да ви пушта помалку такви содржини, без разлика дали се тоа простачки ловења кликови или досадни фотки од бебиња на пријатели.
Но, копајќи по планините податоци кои ги имаат, инженерите на Фејсбук утврдиле интересна аномалија.
"Само 5 посто од корисниците стојат зад 85 посто од сите "Hide"-ови. А внатре во тие 5 % постои една мала групација која крие ама баш сè што ќе види, вклучително и оние работи кои ги лајкнале", пишува Бизнис Инсајдер.
Ова го збунува алгоритмот па доаѓа во конфликт бидејќи криењето го толкува како мразење на сето прочитано, дури и она она што добило лајк.
Поентатата е дека оваа групација го користи Фејсбук како да е имеил па со Hide не сака ниту да крие нешто ниту пак такви работи да гледа помалку туку обележува дека нешто е прочитано, како да архивираат писма на Гмаил.
Вообичаено Фејсбук не прави штимања заради споецифични групи луѓе но во случајот со супер-кријачите направиле исклучок па кај нив "Hide-от" веќе не се толкува како знак дека мразат нешто.