Терминот „алгоритам“ денес асоцира на кодови, компјутери, н’рдови кои знаат сето тоа да го испрограмираат и да му смислат некаква практична примена. Кога станува збор за уметноста, алгоритмите се сфаќаат како спротивни на нејзината суштина. Ама некогаш тоа не било така.
Германски наставник по музичко со благородни намери почнал да качува серија видеа кои содржеле дела на композитори умрени пред стотици години за да им послужат на неговите ученици. Но тие на алгоритмите на јутјуб им зазвучело некако фалш.
Нетфликс конечно проговори за тоа како функционира клучниот елемент на нивниот успех: системот кој ви препорачува други содржини и кој, и да ви го смени жанрот, ќе ви ја погоди серијата или филмот.
Резултатот од чисто алгоритамското работење до сега е: модулот промовираше лажна вест за водителката на Фокс, Меган Кели, навредлив наслов за колумнистката и коментаторка, Ен Колтер, и линк за сторија за човек што мастурбирал со Мекдоналдс сендвич.
Фејсбук морал да го смени алгоритмот кој одредува што им се прикажува на луѓето заради едно многу мало малцинство корисници: оние кои го користат Фејсбук како да е меил.
Како може фотограф да направи фотка за која ќе биде сигурен дека ќе биде впечатлива? Зналците знаат а на оние кои допрва почнуваат, науката им препорачува да ја баталат природата, без разлика дали е тоа планина, езеро, водопад или факинг еделвајз.