Првото средство за компонирање музика со помош на алгоритми било креирано изненадувачки рано: во 1600-тите. Тоа „нешто“ изгледало како прекомплициран, минијатурен сандак со фиоки (слика доле), кој им овозможувал дури и на комплетните аматери да компонираат црковна музика. Се почнувало со текст во стихови кој требало да се спари со музика, да се одбере дали музиката да биде во едноставен или во по „китнест“ стил, а остатокот да се постигне со мешање на елементите изгравирани на мали дрвен плочи, што на крај ги претворало резултатите во музички ноти.
Инструментот бил наречен Arca musarithmica или Музичка арка, а денес од неа постојат само неколку примероци. Но нема потреба да патувате некаде далеку за да го видите и пробате, бидејќи музиоколот Ендрју А. Кашнер има создадено дигитална верзија.
Идејата за него дошла од полиматот и н’рдот (да, и тогаш ги имало) Атанасиус Киршер, кој прв пат го претставил инструментот во својот детален и еклектичен трактат Musurgia universalis. Тоа „универзалното“ во насловот значи дека авторот имал навистина голема амбиција да покрие речиси сè што барем приближно личи на музика: птичјата песна, структурата на внатрешното уво, ехото кое го произведуваат различни облици на простор итн.
Arca musarithimica не бил негов единствен изум. Тој е автор и на харфа на која свири не човек, туку ветер, на метод кој прави статуи да изгледаат како да зборуваат со нивно поставување пред скриени цевки кои ги засилуваат звуците на уличните муабети и канон - музичка композиција кој може да биде изведуван од 12 милиони две стотини гласови (!?).
За жал, музиката добиена со оваа алатка не е нешто посебно убава и инспиративна. Но таа ги открива сличностите помеѓу делото на Киршер и човекот што го инспирирал, Рамон Лул, шпански мистик од 13 век. Тој произвел инструмент за комбинирање наречен Арс Магна, кој функционирал како систем на хартиени тракала преку кои можеле да се откријат нови вистини, користејќи ја азбуката како симболична нотација за божествените атрибути. Секоја буква поставена на ротирачките тркалца можела да биде механички комбинирана со други податоци за да се дојде до решение на некој проблем. Баш добро би ни дошол еден ваков систем.