"Кога луѓето му праќаат писмо на некој од 425-те милиони корисници на меил сервисот на Гугл, не постојат разумни причини да веруваат дека нивните писма остануваат докрај приватни," наведува самиот Гугл во еден судски документ, обелоденет од Consumer Watchdog.
Луѓето сметаат дека е ова фрапантно признание и дека на Гугл треба да му се верува дека не треба да му се верува.
Судскиот случај за кој е поднесено објаснувањето се води во услови на зголемен притисок врз гигантот да го открие својот удел во аферата со масовното прислушување граѓани од страна на Американската безбедносна агенција.
"Кога му пишуваш писмо на некој професор, не треба да бидеш изненаден ако тоа го прочита и неговиот асистент. Така и кај нас, писмата кои циркулираат се подложни на автоматско процесирање, но најпеднатно внимаваме да не ја минеме морничавата граница на читање туѓи меилови и земање податоци од луѓето," објаснува Ерик Шмит.