Пејпал своевремено го револуциoнизираше трансферот на пари но овој нов сервис ветува уште поедноставен начин на плаќање - по меил.
Било кој меил, на било кој меил провајдер.
Square Cash е сервис на компанијата Square од Сан Франциско и засега овозможува праќање по 250 долари неделно на која било меил адреса, без потреба од комплицирани регистрации и менаџирања на сметката.
Еднаш штом ја поврзете својата адреса со својата дебитна картичка, таа станува средство за плаќање.
Прима пари оној што сте го навеле како примач (ако првпат прима, добива известување да ја поврзе својата сметка со адресата), ги цеце-ирате Square Cash, во полето сабџект го ставате износот и тоа е тоа.
Веќе имаат потпишано договор со Старбакс за нивните трансакции од дуќаните.
"За да се заштитат праќачите и примателите на пари, информациите за плаќањата се енкриптирани и испорачувани сигурно до нашите сервери, без разлика дали се користи приватна или јавна ви-фи мрежа или пак поинаков дата трансфер на телефонот", порачуваат од Square Cash.
Постои и андроид и иос апликација за истата работа.