На конкурсот, кој траеше од 1. март до 1. јули оваа година, пристигнале дури 12,530 хаикуа. Заради огромниот одзив организаторот одлучил наместо само три од нив, во вселената да бидат испратени над 1,100 песни, или според стандардната структура на хаикуто од 5-7-5 слогови, вкупно 18,700 слога.
Победник со 2,031 гласови е извесен Бенедикт Смит од Велика Британија со хаикуто:
It's funny, they named
Mars after the God of War
Have a look at Earth
Чудно, го нарекле
Марс според Богот на војната
А погледни ја Земјата.
Еве го нашиот фаворит:
Writing poems, Mars,
I'm a little bit rusty
But then so are you
Пишувајќи песни, Марс,
некако сум за'рѓан,
ама па и ти не си поарен.
Повеќе хаикуа кои ќе патуваат на Марс тука.