Илон Маск

Одиме на Марс

Визионерот со многу пари го обелодени својот план за префрлување луѓе на планетата која има најмногу услови за започнување нов живот. Марс е можен, порача Маск.

Новата Ноева арка ќе се состои од два дела: вселенски брод и ракета кои горе ќе се одвојат, ракетата ќе се врати на земјата да наполни резервоар и да му овозможи на леталото доволно гориво за стигнување до Марс. Може ќе требаат неколку пати одење - враќање по метан. Кога леталото ќе стигне на дестинацијата, луѓето ќе мора таму да прават метан ако не им се бендиса новиот дом или ги фати носталгија по стариот. А има таму јагледод диоксид и кислород во тоа мразот, може да се прави метан, нека не се жалат. 

Целиот план има гигантски размери, и физички и финансиски. Комплетчето би било високо 122 метри, со летало од дијаметар од 17 метри и генератор со 12 метри. Би било направено од јаглеродни влакна, би собирало околу 100 патници а самиот "бустер“ би бил долг 77.5 метри.

Цената на ваква мисија би изнесувала десетици милијарди долари. Маск вели дека доколку билетот до Марс се спушти на ниво на просечна американска куќа, односно 200.000 долари, идејата станува можна. Но, тоа значи дека во следниве деценија -две, таа треба да се спушти за околу 5 милиони проценти бидејќи сегашната цена е 10 милијарди долари по човек. 

Па сепак, тајмлајнот на Маск е доста агресивен. Првите колонизатори би тргнале во 2024 (ќе стигнат следната година) а ако се оствари амбицијата да се создаде цела флота од летала, до 2060 година на Марс би имало еден милион Земјани кои би ги формирале Соединетите Марсовски Држави, или можеби ПЗКСЖМ (Поранешни Земјани Кои Сега Живеат на Марс).

Маск, со свои зборови:

 

28 септември 2016 - 08:46