Податоците се од 24-ти март и велат дека целата држава до тој датум успеала да троши струја добиена исклучиво од обновливи извори на енергија.
Коста Рика има околу 5 милиони жители и првенствено се потпира на богатиот хидро потенцијал, меѓутоа, успешно го користи и сонцето, ветерот и геотермалните води.
Неодамна биле вложени околу 1 милијарди долари за геотермална енергија. Во моментов 10 проценти од потребите на земјата се задоволуваат од така добиената струја но уделот ќе биде многу поголем откако целиот систем ќе профункционира.
Коста Рика си има зададено амбицозен план до 2021-ва година да стане комплетно независна од јаглен и во моментов е водечка земја според тоа колкав дел од потребната струја ја добива од обновливи извори на енергија.
Фотографии од Коста Рика: Илија Дуковски