Со децении живевме во секојдневна заблуда дека фламингата стојат на една нога за да си ја сочуваат телесната температура бидејќи со две нозе во студена вода побрзо би се ладеле.
За среќа, си доживеавме да ја дочекаме вистината, плод на заеднички напор на биолози и физичари од два американски универзитети. Тие работеле со мртви животни и утврдиле дека на нивното тело му е полесно да стои на една отколку на две нозе.
„Убедливо демонстриравме дека фламинго кадаверите можат пасивно да ја поддржат тежината на телото на една нога без употреба на ниту еден мускул и притоа да заземат стабилна позиција вообичаена за живите примероци“, споделија научниците.
Со други зборови, кога стојат на две нозе фламингата потешко одржуваат рамнотежа и повеќе мускули им се потребни за да ја сочуваат стабилноста на позицијата. А бидејќи секое животно е генетски програмирано да штеди енергија (освен овие што имаат потреба да џогираат), фламингото инстинктивно се става во сејф мод, на една нога.
Ете, тоа.
Во продолжение, два фламинга со пасија за фитнес.