Под зависност се подразбира дека тие стануваат „панични“ и „вознемирени“ доколку ги лишиш од постојан пристап до уредите. Плус, младите не можат да го контролираат времето што го минуваат на телефон.
Сето ова заедно има „сериозни последици“ по менталното здравје на младите, заклучуваат психијатрите од Кингс колеџот во Лондон. До резултатите е дојдено преку анализа на 41 студија во која се вклучени вкупно 42.000 млади луѓе.
Ваквото однесување докторите понатаму го поврзуваат со други проблеми, како стрес, депресија, недостаток на сон и послаби резултати на училиште.
Психијатрите за сега не се сигурни дали зависноста ја создаваат самите смартфони или пак апликациите што луѓето ги користат.
Она околу што се сигурни е дека има потреба од зголемување на свеста кај јавноста околу користењето смартфони од деца и млади луѓе, и дека родителите треба да знаат колку време нивните деца минуваат на телефон.