Денешните млади сè помалку ги интересира секс, дроги и криминал. Веќе неколку децении наназад, младата популација сè поретко влегува во ризични активности. Но, ако не прават проблеми во опшптеството, не значи дека си немаат проблеми самите со себе.
Речиси една четвртина од децата и младите (оние млади што уште ти живеат по дома) се навлечени на своите смартфони до ниво што почнува да наликува на зависност. А ако сакаш да видиш до каде е дојдена работата, пробај на кратко лиши ги од мобилниот.
На сајтов скандинавските земји обично се наведуваат како позитивен пример, за екологија, безбеден сообраќај, квалитетно образование. Оваа вест само на прв поглед изгледа обратно.
Речиси во сите демократии на младите се гледа како на непредвидлив и оттаму неважен дел од електоратот. И обратно, на снимките од денот на изборите најчесто во кадар се пензионери и повозрасни луѓе кои го сметаат гласањето за нивна граѓанска должност.
Берни Сандерс има фасцинантни бројки со поддршка меѓу младите. Сè се тоа напредни, модерни, освестени, бучни и агилни лица. Проблемот е само во тоа што таквите - слабо излегуваат на гласање.