Популарните филмови од 1950-тите, како Бунтовник без причина, се вртат околу бесни младинци. Недофатливите деликвенти портретирани во овие филмски класици го отсликуваат духот на 50-тите, кога и озлогласениот директор на ФБИ, Џон Едгар Хувер, предупреди дека „во годината што следат нацијата може да очекува раст на бројот на криминални дела сторени од тинејџери“.
Изгледа дека времињата се промениле од корен.
Тенејџерската деликвенција бележи драматичен пад во последниве 2 децении, барем во земјите со висок доход. Новите истражувања покажале дека во периодот меѓу 1999-та и 2019-та, младите помалку пиеле, дувале и пушеле цигари. Исто така, подолго чекале за првиот секс и биле помалку склони кон криминал.
Истовремено, други истражувања укажуваат на тоа дека меѓу тинејџерите има голема криза на менталното здравје. Националниот институт за ментално здравје покажува дека 50% од младите во САД, во еден момент од животот се соочиле со ментални проблеми, додека пак 22% доживеале сериозни проблеми. Силни депресивни епизоди и стапката на самоубиства помеѓу младите скокнале за 60% од 2007-ма.
Значи, иако ризичното однесување е разретчено, нивното ментално здравје е видно нарушено. Експертите немаат одговор зошто дошло до овие трендови, но согласни се дека се работи за сложен проблем на кој влијаат повеќе фактори. Обидите теоретски да се објаснат феномените, се чини отвараат само нови прашања.
Во меѓувреме, остануваат заменските активности: цигарите да се заменат со вејпање, сексот со секстинг а криминалните однесувања со „понашање“ во видео игрици.