Хондрија на денот: Сајберхондрија

Тоа се оние луѓе кои за секој здравствен симптом што го имаат, или  - најчесто -  си умислуваат дека го имаат, веднаш бараат чаре на - интернет. Па ќе најдат сродно глупи сајтови од кои дополнително ќе се испоплашат, или форуми со сроднo глупи луѓе па таму ќе си се лажат, сè добронамерни паталци, сè од прва рака, сè „имам читано дека...“ Па знаете ли колку нè коштаат таквите ликови?

Феноменот се вика „сајберхондрија“ и се дефинира како психолошко растројство кое се појавува кај луѓе кои прекумерно читаат за сопствените здравствени проблеми онлајн.

Ваквата појава е очигледно толку раширена, што тим британски истражувачи бара таа да биде признаена како нарушување на здравствената состојба и надлежните да издадат насоки за справување со неговите последици.

Во Британија пресметале дека буџетот за здравството може да заштеди 420 милиони фунти годишно доколку понуди програма за психолошки третман на овие луѓе, кои стресени дека им е кој знае што (затоа што така прочитале на форуми и крајно нерелевантни сајтови) трошат време и ресурси кои би им биле драгоцени на оние другите, вистински болните. Се проценува дека најмалку еден од петмина Британци кои се лекуваат амбулантно страдаат конкретно од сајберхондрија а и генерално, од 10 луѓе кои влегуваат на лекар само еден завршува со дијагноза.

Чести се случаите на луѓе кои извадиле жива глава од инфаркт или рак и веруваат дека тоа ќе им се случи повторно. И најблагите симптоми, како главоболка, ги толкуваат како се знак дека крајот доаѓа и со месеци не излегуваат од дома. Ним, а и на претходните, би можело да им се понуди конгитивно-бихејвиорална терапија (што звучи како софистицирано име за убедување некого да не се секира), која веќе се покажала како успешна во студија која вклучувала 444 пациенти, и кај кои позитивните резултати опстојале и по пет години од терапијата. Токму ваквиот успех сега е основа спомнатиот тим да бара нејзина поширока примена. До тогаш, на сајберхондриците интернетот ќе им служи како повод за полнење на болничките ходници.

На пример:

****

Види и:

Ина Многуфина и мајчинските прашања

7 септември 2017 - 16:32