Срце ми је камен

За тоа колку американската нација е бизарно навлечена на секакви лекарства говори последната секирација на надлежните државни власти: предозирање со средства против дијареа.

Федералната агенција за храна и лекови ги испитува извештаите за зголемниот број предозирања и смртни случаи кои се поврзуваат со земања анти-дијареа лекарства.

Тие спаѓаат во over-the-counter медикаменти кои можат да се купат и во обични продавници а најпопуларниот од нив, Имодиум, може да доведе до потенцијално смртни срцеви проблеми доколку се зема во големи дози. Агенцијата добила 31 таков извештај за хоспитализирани случаи со срцеви проблеми кога без мерка се конзумирал Имодиум а забележани се и смртни случаи.   

На клиниките за токсикологија бројот на вакви случаи поврзани со лекови против дијареа е зголемeн за 71 процент во периодот 2011-2014.

Основната состојка во овој лек е лоперамидот кој има функција да ја контролира столицата но ако се зема во големи количини, знае да предизвика еуфорични расположенија слично како и другите опоиди каков што е морфиумот. А тоа први го дознаа хероиноманите.

 

9 јуни 2016 - 13:54