Делумно текот на 2016 ги истенчи живците на повозрасната публика, делумно самата публика дозволи да биде убедена во апокалиптичноста на настаните од минатата година, (делумно Трамп твита како да ќе го вработуваат ко советник), па исходот е легија од сосема нова публика од возрасни луѓе залепени за екраните на смартфоните, неуморно прелистувајќи ја која и е да е апликацијата, или сајт за вести, што го користат во потрага по тазе новински фикс.
Дијагнозата што психологот Итан Крос му ја дава на новинарот на Вајард, кој се жали дека не може да прекине да проверува вести, е дека ова е исто ФОМО од кое страдаат младите.
"Ова е само друг вид на ФОМО, кој е само за вести и кој е постојан, е доволно нов што до сега не е вистински истражуван, но и покрај тоа експертите по социологија, антропологија, економија и неврологија со кои разговарав сите брзо го препознаа она што им опишав, а некои признаа дека и сами го чувствуваат," пишува Ник Стоктон во текстот за Вајард.
Шајм Сундар истражувач на комуникации од Пенсилванија Стејт универзитетот, објаснува дека "ние вртиме низ нашиот Твитер без ништо посебно да бараме, само го мониторираме за да не пропуштиме нешто важно".
"Овој импулс може да доаѓа од состојката што се создава во нашиот мозок секој пат кога ќе добиеме нова доза вести, меѓутоа може да потекнува и од примитивен инстинкт - задоволството што произлегува од следењето, или нагонот што ги натерал нашите предци да ја извадат главата од пештера и да проверат дали има предатори.
Во време на претпоставена криза, нашите мозоци се во постојана потрага по информации кои треба да ни помогнат да преживееме.
Може овој аларм се активира од постојаната доза фиксови од твитерот на Доналд Трамп. Може е активиран од левичарски "oтпор" ликови. Или може да бидат лажните вести, ИСИС, оружје, полициско насилство, уличен криминал, сите промовирани преку нашите балони на социјалните медиуми, со наслови конкретно напишани за привлекување на нашето внимание?" пишува Стоктон.
Она што тој го добива како совет од Сундар, Крос и другите со кои разговара е да направи пауза, и на периоди по едно недела дена да батали вести од или вон социјални медиуми. Проблемот е што тој не сака да направи пауза, затоа што "интернетот го прави токму тоа што треба да го прави, ми ги дава сите информации и тоа цело време... И јас сакам да го ставам тоа пожарникарско црево со информации точно пред лицето и да проголтам колку можам повеќе."
За ваквата ситуација Крос му предлага парадоксална стратегија - еден од начините да се справиш со преплавеноста од информации е да почнеш и ти да додаваш кон текот на информации.
Ова го поддржува и Сундар, чија медиумско-новинско диета е "одржлив и интерактивен пристап кон социјалните медиуми".
"Заврши со читање на секој пост пред да продолжиш на следниот, ама не пред да коментираш, твиташ или да ги објавиш своите ставови околу истиот.
Преку вакво ниво на зголемена вклученост и ангажираност, не само што ја ограничуваш количината на социјални медиуми што ги консумираш - ќе се умориш од коментирање - туку развиваш и подобро чувство за тоа кои теми навистина те инспирираат, разбеснуваат или ти се важни. Адаптирај ги и твоите фидови соодветно на ова, отследи ги сите што редовно ти послужуваат вести без кои веројатно можеш да дозволиш да ти мине денот. Ќе сфатиш, побрзо отколку што мислиш, дека не пропушташ ништо," го пренесува Стоктон медиумското хроно на Сундар.