Не е до тебе, телефонот е направен за да создава зависност

Денес во светот околу 2,5 милијарди луѓе имаат смартфони. Неброените милиони што ги заработуваат производителите на смартфони, социјалните мрежи и луѓето што прават апликации, не се само од твоето дремење на телефон, туку од тоа што речиси никој од овие 2,5 милијарди не може да одолее и да го остави уредот.

Ништо од ова не е случајно, бидејќи самите уреди се направени за да ја зголемат твојата зависност од нив. Како што објаснува поранешниот етичар на дизајн во Гугл, а сега ко-основач на Центарот за човечна технологија, Тристан Харис денес „живееме во 2,5 милијарди Труман шоуа, каде што наместо светот, твојот смартфон е координиран за постојано да те занимава без ти да си свесен за тоа.“

Според Харис, смартфонот (кој и да е) не е направен да ни помогне туку за да нè држи навлечени.

Три предлога од Харис за намалување на зависноста:

- Гасење на сите нотификации што не доаѓаат од луѓе

(Харис објаснува: Да беа предвидливо лоши информациите од нотификациите или предвидливо добри, тие немаше да создаваат зависност. Случајноста на нивната содржина е тоа што прави да создаваат зависност.)

- Направи го екранот црно-бел, има цела психологија зад боите што те влече назад кон смартфонот.

- На првиот екран нека ги има само најосновните секојдневни алатки што ги користиш (мапи, календар...) кои не те навлекуваат со својата содржина.

****
Уште нешто за ова:

За душманот од твојот џеб

24 февруари 2018 - 19:11