Пердју Фарма почна со производство на популарниот Оксиконтин пред две децении, ветувајќи дека ја отстранува болката цели 12 часа, два и нешто пати подолго од генеричките лекови против болка. Не било така, и тие го знаеле тоа и продолжиле со истата маркетиншка приказна.
Не само што ефектите на лекот траат неколку часа пократко, туку заедно со болката, се враќаат и некои други симптоми карактеристични за опијатите.
Тајмс го опишуваат Оксикнтинот како "хемиски братучед на хероинот", имајќи во посед илјадници страници доверливи документи од компанијата.
"Дури и пред да го пуштат во продажба во 1996-та, клиничките испитувања покажаа дека пациентите нема да го добијат посакуваното 12 часовно отсуство на болка а имаа и поплаки од доктори и негативни независни истражувања", пишува Тајмс.
Компанијата постигна пазарна доминантност која, придружена со високата цена на лекот (стотина долари за шишенце) ѝ обезбедуваа приходи од 31 милијарда долари.
Првата паника ги фатило кога сфатиле дека докторите по барање на пациентите, го препишуваат и на пократки интервали па препорачувале наместо тоа да се решаваат на поголеми дози. Но, тоа го носи ризикот од предозирање со смртни последици. Мајкл Џексон и Хит Леџер тоа би го знаеле многу добро.
Оксиконтинот се смета за директно одговорен за националната епидемија на зависности од лекови против болка која од 1999 година има однесено околу 190.000 животи. За тоа пишувавме во статијата "Болката не умира сама".