Америка живее со епидемија на аналгетици а ситуацијата секој ден станува се полоша, предупредуваат експертите. Од познатите случаи (Ен Никол Смит, Хит Леџер, Мајкл Џексон...) па до обичниот народ, во земјата владее вистинска помама по лекарства за ублажување болки.
Злоупотребата на лекарства од типот Викодин и Оксиконтин се виновни за поголем број изгубени животи од хероинот и кокаинот заедно.
Сообраќајките и аналгетиците се изедначуваат некаде во 1988-ма година кога се регистрирани 38 илјади сообраќајни несреќи со смртни последици и 41.000 случаи на труење, од кои 90 проценти биле со злоупотреба на лекарства.
Оттогаш, бројот на сообраќајќи е намален речиси за половина а смртоносната злоупотреба на апчиња е зголема за 300 посто.
Голем број аптеки веќе не држат залихи од аналгетици за да не бидат мета на напади, бидејќи овие лекарства создаваат брза зависност а последиците од кризирањето знаат да бидат жестоки.