Новинарска истрага на Лос Ангелес Тајмс откри дека фармацевтската компанија која го прави еден од најпопуларните лекови против болка во САД знаела дека тој предизвикува зависност. Па сепак решила упорно да го бутка. Зошто? Затоа што дур ги фатија, поминаа 20 години, тие направија милијарди а сега веројатно ќе бидат подготвени ако треба и да платат некоја "великодушна" отштета.