Англичанец во својот смартфон во просек погледнува 10.000 пати годишно. Преведено во дневна превод тоа се во просек 28 проверки секој ден што пак е малку во споредба со Ирска каде што 9 од 0 возрасни имаат смартфон и му обрнуваат внимание 57 пати дневно.
Истражувањата покажуваат дека сè повеќе луѓе стануваат нервозни кога телефонот не им е при рака, ги фаќа мачнина или пак им е неподносливо здодевно, а има и такви студии кои покажуваат дека смартфонот му пречи на неговиот сопственик да се сконцентрира на нешто дури и кога овој знае дека телефонот му е исклучен.
Ваквите нуспојави најмногу ги има кај новите генерации кај кои 39% чувствуваат нелагодност, на 43% им е досадно а 25% се со страв дека пропуштаат нешто ако не можат да го проверат мобилниот. Меѓу нив има и 20% кои чувствуваат олеснување кога не користат мобилен, проблем е само што признаваат дека таквата одлука најчесто не ја носат самите туку на тоа ги принудува одредена ситуација.