Левиот бек на ПСЖ и француската репрезентација Курзава, ги снима Килиан Мбапе, Леандро Паредес и Маркињос како опасно си додаваат со мобилниот на Верати во базен. Италијанецот од страна ги моли да му го вратат.
Пет дена откако неговиот најнов филм почна да се прикажува на Нетфликс, славниот режисер замоли филмот да се гледа на што е можно поголем екран. Како на пример...во кино?
За време на една џудо борба на Гренд слемот во Баку (Азербејџан), од кимоното на Португалецот Анри Егутидзе испадна мобилен телефон на душекот, па судијата пресуди хансоку маки (технички пораз).
Ако е точно дека во последните мигови на животот, на човек му се вртат сцени од она што го правел, пред да се одлогира од овој свет, денешниот модерен жител нa планетава ќе го гледа она што го зјапал во својот мобилен.
Дешавката со полицаецот кој зборува на мобилен телефон на сред терен за време на мечот МС Синопспор - Јени Амасјаспор (4:2) од турскиот фудбалски куп вреди повеќе од трофејот во ова натпреварување. А толку беше искрен што дури и крена рака да се извини па продолжи да збори к’о ништо да не било. Епски!
Германскиот репрезентативец на досетлив начин реши да не арчи време во разговор со новинарите кои го чекаа за изјава. Пасошот го користеше како мобилен телефон и се правеше дека збоува.
Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.
Навивачите на Мидлзброу синоќа имаа ноќ за паметење, откако нивниот клуб го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лига Купот на пенали на Олд Трафорд. Гостинската публика прати убава слика од гостинскиот сектор.
На резервниот голман на Келн, Томас Кеслер не му помогнал статусот на Фејсбук каде барал пријателите да не му пишуваат на ВотсАп после 18 часот, па решил да си помогне со натпис на копачките.
Мобилен телефон што е само телефон и толку. Служи за не дај боже ако се останато што имаш за комуникација крахира и си во тесно. Функционира со само една обична батерија АА (од малите, не од најмалите) и има животен век од 15 години.
Одлична апликација за македонските „Фејсбук навивачи" кои се гласни само преку тастатури, а ги нема на стадион. Навивачите од Тунис на кои им е забранет влез на стадион, можат да навиваат преку мобилен телефон.
На прашањето "што е првото нешто што луѓето забележуваат кај тебе" 61% од мажите одговориле - мобилниот. Автомобилот, часовникот и облеката ги делат останатите 39%.