Докторе, имате ли нешто за болки во грб?

Лековите на рецепт во САД убиваат повеќе луѓе од хероинот и кокаинот заедно. А кога ќе се навлезе само во таа легално пропишана зависност, болките во грбот се убедливо најчестиот изговор.

На 300.000 американски хероиномани доаѓаат преку 6,8 милиони таблетомани. Капак, аналгетиците а не марихуаната се вистинското претсобје кон хероинот. 4 од 5 нови зависници од хероин претходно злоупотребувале апчиња против болка.

Невообичаено за неа, Федералната агенција за храна и лекови почна да бара некои аналгетици да бидат повлечени од пазарот бидејќи нивната корист не може да им парира на начините на кои можат да бидат злоупотребени.

Компанија за здравстевна заштита нурнала во досиеата на 31,1 милион луѓе дијагностицирани со пореметување во земање лекови и брзо го нашла шампионот на рецептите - хроничните болки во грбот. Таблетоманите се 7,2 пати почести меѓу пациентите кои се жалат на овој вид болка.

Причината е разбирлива: хроничната болка во грбот знае да трае и по 12 недели и поевтино е да му пишеш рецепт отколку да го третираш.

"Во однос на осигурителните компании, нам ни е поскапо да започнеме процедура или физикална терапија. Поевтино ни испаѓа ако препишеме 30 дневна доза на некој аналгетик на база на морфин“, признава директор на една здравствена установа.

Види и:

Две големи пива се подобри од парацетамол

Рецепт за претерување

 

19 јуни 2017 - 21:12