Посегнувањето по некој аналгетик се чини како разумно решение во случаи на мамурлук. Но, науката ја враќа топката кај старите мудрости од типот дека клин со клин се избива. Не само за мамурлукот туку општо за болката, пивото е добро решение.
На основа на дури 18 истражувања, заклучено е дека две големи пива значајно и клинички мерливо го намалуваат интензитетот на болката.
„Утврдивме дека алкохолот е ефикасен аналгетик кој донесува клинички релевантни редукции во рангирањето на интензитетот на болката. Истовремено тоа можеби ја објаснува злопотребата на алкохолот кај лицата кои често имаат болки, наспроти долгорочните консеквенци по нивното здравје“.
Засега е нејасно дали алкохот го намалува чувството на болка затоа што ги блокира мозочните рецептори или пак затоа што генерално ја олабавува анксиозноста што води кон чувство дека болката не е толку страшна.
Алкохолот може да се спореди со опоиди каков што е кодеинот а неговите ефекти се посилни од парацетамол“, вели доктор Тревор Томпсон од лондонскиот Гринич Универзитет потсетувајќи дека сепак треба да се почитуваат генералните препораки за користење алкохол кои во Британија изнесуваат максимум шест кригли пива неделно.
****
Види и:
По 10 милиони години го победуваме мамурлукот!
Зошто мамурлукот тера на секс?