Законот, чија цел е младите да се заштитат од онлајн ризиците по нивното ментално здравје, бара од социјалните мрежи да ги терминираат сметките на сите лица под 14 години и на оние до 16 кои не добиле дозвола од родителите. Од компаниите ќе се бара да користат систем за верификација на возраста од трети компании за да се утврди кој е под границата.
Законодавниот дом на Флорида го изгласа законот уште во февруари, меѓутоа беше вратен назад од Десантис, бидејќи тогаш границата беше на 16 години, без да се овозможи родителите да дадат дозвола за користење социјални мрежи, што според него ги ограничува правата на родителите.
Законот стапува на сила од 1 јануари 2025.
Во него не се наведени конкретни социјални мрежи, но стои дека ги таргетира сајтовите кои промовираат „бескрајно скрлоање“, објавуваат метрики како лајкови, имаат видеа кои сами се пуштаат, имаат стриминг во живо и пуш нотификации. Од него се исклучени веб-страни и апликации чија главна функција е меил и апликации за размена на пораки меѓу конкретен праќач и примач.
Од социјалните мрежи се бара и трајно да ги избришат сите лични информации собрани од изгазените сметки и им дозволува на родителите да започнат граѓански парници против оние социјални мрежи кои нема да ги избришат податоците.