По спектакуларниот старт и рекордното поминување на границата од 100 милиони нови корисници, последните бројки покажуваат дека Тредс моментално има 23,6 милиони активни дневни корисници, споредено со пикот од 49 милиони.
Истите луѓе зад бројките на Тредс, Симиларвеб, тврдат дека просекот на Твитер е 109 милиони дневни корисници.
Во врвот на користењето, најголем број од корисниците се на Андроид и од САД, а најдолг просек на користење на апликацијата бил 21 минута.
Кога Тредс го достигнува својот пик, бројот на дневни корисници на Твитер на Андроид, на светско ниво, останува ист, меѓутоа времето за користење паѓа за 4,3%.
Бројките што ги објавува Симиларвеб покажуваат дека Тредс е на некои си 22% од дневните корисници на Твитер. Отприлика е иста и разликата на вкупен број корисници меѓу двете платформи.